Свет
30. January 2017 - 17:26

Верхофштад: Трамп е третата закана за Европската унија

Претседателот на САД, Доналд Трамп сега е дел од заканите за Европската унија, кои досега доаѓаа од радикален ислам и рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска Ги Верхофштад, главен преговарач на ЕУ за брегзит.

– Се вратив од САД и мој став е дека сега имаме и трета страна која го презира ЕУ, а тоа е Доналд Трамп, изјави Ферхофштад.

Другите две закани се од радикален ислам и од Владимир Путин за кога тој вели дека исто така сака да го осуети проектот Европска унија.