Верижен судир на патот Гостивар – Кичево, повредени 9 лица
Девет лица од кои едно потешко се здобиле со телесни повреди во верижен судар на три возила што вчера околу 17 часот и 30 минути се случил на регионалниот пат Гостивар – Кичево во близина на отворените сепарации, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Трите возила што учествувале во сударот биле со гостиварски регистерски таблички и тоа Голф управуван од Ф.О.(34), Лупо управувано од З.М.(58) и Киа управувана од Т.А.(59), сите од Гостивар.
Во сообраќајката со тешки телесни повреди, се здобил З.М., возач на Лупо, додека возачот на Киа заедно со уште седум сопатници од трите возила се здобиле со телесни повреди. Сите повредени биле префрлени во Општата болница-Гостивар од каде по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.
Вкупната штета се проценува на над 300 илјади денари. Полицијата извршила увид и според првичните информации причина за несреќата е недржење растојание.
Ново на Сител
-
Приведени двајца лихвари во Радовиш, од кои едниот е полицаец
-
Мерсие: Отвореното писмо на Кос за случувањата во Србија не е порака кон студентите
-
Австралија го усвои законот за злосторство од омраза, задолжителни казни за нацистички поздрави
-
Разрешен шефот на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Јуриј Борисов
-
Државниот буџет оштетен за скоро два милиона евра, покажала ревизијата во Министерството за економија
-
Утре или в понеделник ќе бидат соопштени мерките што ќе ги преземе Владата за високите цени на основните прехранбени производи
-
Џафери: Албанците систематски се исклучуваат од Министерството за одбрана и Армијата
-
Стручната фела очекува наскоро да профункционира Законот за употреба на македонскиот јазик