Верижен судир во Скопје - маж итно однесен во болница

Верижен судир се случил вчера во Скопје, информира МВР. Во 14:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Лазо Трповски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода октавија“ со скопски регистерски таблици, управувано од 44-годишниот М.С. од Скопје, патничко моторно возило „Мерцедес Е210“ со скопски регистерски таблици, управувано од 53-годишниот Т.Н. од Скопје и патничко моторно возило „Фолсваген Бора“ со скопски регистерски таблици, управувано од 50-годишниот Р.Љ. од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.С. констатирани од страна на лекар од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
