Веројатноста дека астероидот „ЈР-4“ ќе удри во Земјата се искачи на 3,1 отсто

Веројатноста дека астероидот „ЈР-4“ ќе удри во Земјата сега е 3,1 отсто, покажуваат најновите податоци на американската Национална воздухопловно-вселенска администрација - НАСА. Тоа е највисоко ниво забележано од почетокот на следењето на небесните тела.
Според францускиот весник „Фигаро“, овој астероид се проценува дека е широк меѓу 40 и 90 метри, а постои веројатност да ја погоди нашата планета на 22 декември 2032 година, како што покажуваат пресметките на научниците. Неговото влијание, потенцијално, може да уништи цел град - мегалополис. Ваквите предвидувања, сепак, треба да се земат со одредена резерва, бидејќи се засноваат на променливи податоци, посочуваат стручњаците.
Научниците предупредуваат дека астероидот треба внимателно да се следи, бидејќи, според сегашните проценки, последиците од таквиот можен удар би можеле да бидат 500 пати посилни од нуклеарната бомба фрлена врз Хирошима во Јапонија во Втората светска војна.
Ударот би можел да предизвика и цунами ако е близу остров или брег.
Стручњаци од Европската вселенска агенција - ЕСА велат дека астероидот најверојатно безопасно ќе мине покрај Земјата, но можниот удар сѐ уште не може целосно да се исклучи, пренесува списанието „Скај ет најт“. Според наводите, сѐ уште е рано да се утврди каде точно на Земјата би можел да удри астероидот. Научниците сметаат на вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ за попрецизно набљудување и проценки следниве месеци.
Претпоставките говорат и дека патеката на вселенското тело, всушност, ќе го оддалечи од Земјата и тоа ќе исчезне од опсегот на нашите телескопи токму наредниве месеци, а тоа повторно ќе стане видливо за Земјаните во 2028 година.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
