Веселин Марешки тврди за себе си дека е „бугарски Доналд Трамп“

Пред одржувањето на парламентарните избори во Бугарија следната недела, вниманието на јавноста се повеќе го привлекува 49-годишниот бизнисмен Веселин Марешки, кој за себе си вели дека е „бугарски Доналд Трамп“.
Сопственикот на синџирот фармацевтски компании и бензински станици, како и поранешен сопственик на фудбалскиот клуб „Локомотива Пловдив“, ги изненади политичките аналитичари на претседателските избори во ноември минатата година, кога го освои четвртото место со 11 отсто освоени гласови.
- Видовте што се случи во САД. На изборите победи богат човек, бизнисмен. Зошто не би можело тоа да се случи и во Бугарија? Јас сум кандидат против естаблишментот, исто како Доналд Трамп. Ние сме технократи, деловни луѓе, истакна Марешки во едно интервју.
Неговата популистичка и националистичка реторика добро минува кај бугарските гласачи, кои се незадоволни поради неспособноста на посткомунистичките влади да се изборат со корупцијата, сиромаштијата и криминалот.
Во текот на кампањата тој не понуди многу конкретни решенија, но зборуваше дека ниските цени во неговите 350 аптеки и 15 бензиски станици покажуваат што може да направи.
Сепак, анкетите покажуваат дека Марешки нема да го доживее успехот на Трамп на изборите, иако се очекува дека неговата партија „Волја“ ќе освои над пет отсто од гласовите, што ќе биде доволно да добие важна улога во формирањето на идната бугарска влада.
Ново на Сител
-

Сончево и посвежо, долж Повардарието повремено засилен ветер до над 50 км/час
-

Ѓорѓиевски: Скопје никогаш не било поубаво, центар на светот, забавата и дружењето
-

Во изминатото деноноќие уапсени девет лица за „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Пензиите се 16 пати поголеми од времето на СДСМ, денес се живее подобро
-

Татко и неговиот 18-годишен син загинаа во тешка сообраќајка кај Миладиновци
-

Мицкоски: Растот на туризмот е индикатор дека политиките што ги водиме даваат резултат
-

Трамп во Даблин: Би сакал да видам обединета Ирска
-

Србија/Избори: Партиите се изјаснуваат дали ќе учествуваат на изборите или ќе ја поддржат Студентската листа
