Весна Петрушевска: Нема вакцини бапни локдаун
На социјалните мрежи реагираше актерката Весна Петрушевска - Бејби по најавата за воведување на полициски час од 17 часот попладне во петок до 05 часот наутро. Петрушевска ги прашува властите дали се малку емпатични кон сопствениот народ и јасно им порака веднаш да набават вакцини бидејќи од данокот на народот земаат плати.
- Читам пак сакате хард кор да не затварате! Да ви кажам на вас грижливци за нашето здравје, отворивте кладилници,коцкарници,кафичи …затворивте театар после точно година дена утре ќе излезам на сцена(едвај чекам и за два дена се распродаде)!Цела една година не сум седнала на кафе, не сум си видела другари и другарки, родители на пауза, чувам дете кое за време на корона не смее да е затворено, а јас читам вакциниве 2028 ќе дојдат. Постојано сум со маска и почитувам дистанца. Па дали сте вие барем малку емпатични кон сопствениот народ. Направи грешка стави полициски, нема вакцини бапни локдаун. Не полудевте скроуз! Да си набавите вакцини одма. Тоа ви е работа од наш данок земате плати. Имате обврска да работите за народот, а не со дефокус не пукнавте. Никој не зборува за менталните последици од оваа состојба, ќе нема да знаете кај ви е газот. Баш ме нервирате искрено, напиша Петрушевска.
Ново на Сител
-
Продолжуваат земјотресите во близина на Санторини - се проценува дека грчкиот остров го напуштиле над 5.000 лица
-
Кина воведува реципрочни царини за јаглен и течен природен гас од САД
-
На Попова Шапка утрово -8, во Скопје -2, а во Гевгелија 5 степени
-
Сообраќајката во која загина Фросина сторена со умисла, во петок јавна расправа за законски измени за зголемена безбедност во сообраќајот
-
На Газа итно и се потребни 6,5 милијарди долари за привремено сместување на Палестинците
-
Протести пред седиштето на УСАИД во Вашингтон по заканите за затворање на агенцијата
-
Партизан потпиша со македонскиот репрезентативец Димоски
-
Астон Вила потпишa со трикратен шампион во Лигата на шампионите