Ветер во Пелагонија и Штипскиот регион до 83 километри на час
Утринава во Македонија преовладува умерено, а во западните и северните делови значително облачно и релативно топло време. Во западните делови има слаб локален дожд. Само во крајните југоисточни делови времето е сончево. Дува умерен, а на повеќе места засилен јужен ветер кој во Пелагонија достигнува брзина до 48 километри на час, а во Штипскиот регион до 83 километри на час, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Времето денеска ќе биде претежно облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд. Во западните и источните подрачја врнежите ќе бидат пообилни, особено попладне и преку ноќта. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, особено претпладне.Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 9 до 16 степени.
Во Скопје претежно облачно попладне со врнежи од дожд со променлив интензитет и со умерен до засилен јужен ветер. Највисоката температура ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на влажен бран од пладне и ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови (локално околу 25л/м2). Поради спуштање на постуден воздух од север, на планините врнежите ќе бидат од снег, а во недела врнежи од слаб снег ќе има и на некои места повисоки од 600 метри надморска висина, при што ќе се формира и снежна покривка. Локален слаб снег, особено во западните делови ќе има и во понеделник. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурите значително ќе опаднат.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Aнгелов: Законот за бранители на Славјанка Петровска е кукавичко јајце кој во реалноста не може да се спроведе
-
Академијата за судии и обвинители ќе добие нов директор, во трка седуммина кандидати
-
ЕСM: Цевководот под Беласица ќе биде поставен во наредните неколку месеци
-
СДСМ: Со ВМРО-ДПМНЕ просечната плата паѓа
-
Инспектори казнуваат и се уништува небезбедна храна
-
Реформи во судството ќе има со политичка воља, во спротивно ќе останат само на хартија
-
Античка Стибера останува под земја