-->
-->
Ветрот и новите горештини повторно ги разгореа шумските пожари во Португалија
-->
Зголемените температури и силните ветрови повторно ги распалија шумските пожари во Португалија, откако привременото заладување во јуни овозможи извесно смирување на бранот пожари, од кои, само во еден од нив загинаа 64 лица, пренесоа американските медиуми.
Португалската Агенција за цивилна заштита соопшти дека во моментов води борба со седум шумски пожари, во чие гаснење учествуваат над 1.300 пожарникари и 25 авиони и хеликоптери, што фрлаат вода од воздух.
Од сите опожарени шумски површини во ЕУ во текот на оваа година, над една третина се во Португалија.
Според службата за справување со итни ситуации на ЕУ, во Португалија до 5 август целосно изгореле 140.000 хектара шуми, додека во цела ЕУ се изгорени 380.000 хектари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата