Македонија
24. July 2016 - 9:03

Вицепремиерот Адеми на неформален министерски состанок во Братислава

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Арбр Адеми, денеска и утре ќе учествува на неформалниот состанок на министри за европски прашања, кој ќе се одржи  во Братислава, Словачка.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, состанокот е организиран во рамките на претседавањето на Словачка со Советот на ЕУ.