Вицепремиерот Анѓушев на средби во Светска банка

Мерките од Планот за економски раст нудат силна финансиска поддршка за фирмите што се ориентирани кон резултати, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешните средби во Вашингтон со Стефани фон Фриедебург, главен директор за информации и потпретседател на групацијата Светска банка и Џон Панцер, директор за макроекономија и фискално управување во Светска банка.
Вицепремиерот Анѓушев истакна дека реализацијата на економските политики е врвен приоритет во програмата на Владата на Република Македонија и дека со државна поддршка на стопанството, реализација на капитални инвестиции и енергетска стабилност очекува интензивен раст на економијата.
- Владата креираше сет на економски мерки, кој го нарековме План за економски раст, кои се транспарентни, се темелат на јасни критеруими и она што е клучно се применуваат еднакво за сите компании. Станува збор за модел кој ќе овозможи одржливост на македонската економија на долг рок, подвлече Анѓушев.
Мерките од планот за економски раст, додаде, нудат силна поддршка за фирмите кои се ориентирани кон резултати, за технолошки и производствен развој на компаниите, зголемување на извозот и подобрување на соработката помеѓу домашните и странските компании, со крајна цел раст на бруто домашниот производ.
- Симулациите кои се во тек, покажуваат дека доколку новите мерки за поддршка се применат за странските инвестиции кои веќе работат во нашата земја, би биле дури и посилно финансиски поддржани. Со новиот концепт се ориентираме кон постигнување на резултати, односно кој покажува раст во работата, ќе добие и поддршка од Владата, потенцираше Анѓушев.
Претставниците на Светска банка, велат од кабинетот на Анѓушев, посочија дека очекуваат интензивна и конструктивна соработка со Владата, особено во реализацијата на проектите кои се одвиваат во Република Македонија. Тие истакнаа дека ќе се заложат за забрзување на проектите во насока на регионално економско поврзување на земјите од Западен Балкан, за побрз, поефикасен и посигурен транспорт на луѓе и стоки. Нагласија дека инфраструктурното поврзување на регионот преку патните и железничките коридори 8 и 10 е клучно за економскиот раст на Република Македонија, но и на регионот.
Ново на Сител
-

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД
-

Се работи на ликвидација на пожарот на градската депонија во Крива Паланка
-

Пожари во делови на Албанија, нема човечки загуби
-

Трето возило му го пресекло патот на Никола, по што преминал во спротивната лента – ОЈО го гони возачот
-

Ги напаѓал сопругата и трите деца – осум дена притвор за скопјанец
-

Обид за убиство во Скопје: Напаѓачот уапсен по само 25 минути
-

Пентагон бара од одбранбената индустрија брзо да го зголеми производството и испораката на оружје, според допис на Фајнберг
-

22.000 луѓе евакуирани, прогласена вонредна состојба поради пожар во Британска Колумбија
