-->
-->
(ВИДЕО) Со гол од непостоечки пенал Швајцарија ја совлада Северна Ирска
-->
Фудбалерите на Швајцарија забелажаа значајна победа на гостувањето кај Северна Ирска во првиот бараж дуел за пласман на Светското првество во Русија 2018 година.
Швајцарците беа подобар противник во текот на целиот натпревар кој се играше во Белфас, но до минималната победа од 1-0 стигнаа благодарение на сомнително досудениот пенал, кој искористија.
Во првиот дел Швајцарија пропушти неколку шанси преку Шакири и Родригез, па на паузата се замина со почетниот резултат 0-0.
Во ист ритам продолжија избраниците на селекторот Петковиќ и во вториот дел.
Клучниот момент се случи во 58.минута. По ударот на Шакири, топката која одеше кон домашниот гол заврши во рамото на Кори Еванс, по романскиот судија Хатеган покажа на белата точка. Тоа не му сметаше на Рикардо Родригез сигурно да го реализира пеналот, за водство и победа на Швајцарија од 1-0.
Реаванш натпреварот. Швајцарија и Северна Ирска ќе го одиграат во недела (12 ноември) по што ќе биде познат и патникот на Мундијалот во Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Истрага против дилер на марихуана во Тетово
-
Путин: Русија ќе ги зајакне своите воени капацитети
-
Дуда: Трамп ќе ја посети Варшава, најави зајакнување на американското воено присуство во Полска
-
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Наследила 590.000 евра во криптовалути, но за да ги подигне мора да уплати 1.4 милиони денари - измама во Пробиштип
-
Европските лидери подготвуваат план за мировни сили во Украина со поддршка од САД
-
Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад
-
Известувачот на Европарламентот за Србија во посета на Белград