ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА: Нов пресврт со времето

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала, а само во западните делови со умерена облачност. Во текот на попладневните часови ќе има зголемување на облачноста во поголемиот дел од земјава, а во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне ќе има слаби локални врнежи од дожд.
Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од 15 до 21 степен.
Во Скопје претпладне сончево со мала, а во попладневните часови со значителна облачност. Претпладне ќе дува слаб јужен ветер, кој во текот на попладнето ќе го смени правецот во северен.
Утринската температура ќе се сушти до нула, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во југоисточните делови ќе има услови за локален дожд.
Од понеделник под влијание на серија влажни бранови ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и ќе дува засилен јужен ветер.
Ново на Сител
-

Отворени врати за идните средношколци
-

Обуки и развојни решенија вработените во јавниот сектор и малите и средни бизниси можат да добијат на ФЕИТ
-

Преглед на вестите од светот
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
