-->
-->
Викенд временска прогноза: Во недела не очекува температурен шок
-->
Во Македонија денес ќе имаме претежно сончево и потопло време. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец.
Утринските температури од 7 до 17 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 24 односно до 34 степени, температури кои што ќе бидат над повеќегодишниот интервал за овој период од годината. УВ индексот ќе има вредност 5. Во Скопје денес ќе биде претежно сончево и топло. Слаб североисточен ветер. Утринската температура од 14 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 32 степени. УВ индекс 5.
Во сабота и недела сончево и многу топло време за овој период од годината, како да сака времето да ни покаже дека летото се уште не е завршено.
Во сабота утринските температури од 7 до 17, додека пак дневните од 26 до 36 степени, а во недела и најтоплиот ден од деновите кои што ни следуваат, мининалните температури од 9 до 19 степени, а максималните од 28 до 38 степени.
Во понеделник и вторник претежно сончево време со појава на локална облачност и посвежо време со пад на температурите. Во понеделник утринските од 10 до 20 степени, а дневните од 24 до 34 степени, додека пак во вторник минималните од 5 до 15 а максималните од 20 до 30 степени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
