Викендов нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер
– Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Од пладневните часови особено во северните и источните делови ќе има локална појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи проследени со засилен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 6.
Како што информира УХМР, во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Од пладневните часови ќе има услови за појава на пороен дожд проследен со грмежи. Температурата ќе се движи од 18 до 29 степени.
Викендов ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, особено утре ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
В недела и понеделник ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови мало опаѓање на температурите.
Ново на Сител
-
Северна Кореја почна да произведува дронови со техничка помош од Русија
-
Истрага против дилер на дрога во Скопје
-
Уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“ во Скопје
-
Студено утро, преку ден сончево
-
Ќе се гради патот Букојчани - Кичево за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга
-
Голем земјотрес регистриран во Карипско Море издадено предупредување за цунами
-
Парламентарни избори во Косово
-
Трамп телефонски разговарал со Путин