Македонија
25. December 2020 - 13:55

Викендов треба да почне монтажа на модуларната болница во Струга

Контејнерите со материјали за модуларната болница за пациенти позитивни или со симптоми на Ковид-19 во Струга треба да пристигнат денеска, а викендов ќе почне да се монтира, информира директорот на Општа болница Струга Мухамед Асани.

Теренот за поставување на монтажната болница, според него, е подготвен. Поставени се инсталации за приклучоци на вода, струја и канализација.

– Објектот ќе се протега на површина од 600 метри квадратни. Предвидени се 35 кревети со цела опрема за пациенти позитивни или суспектни на Ковид-19, како и лабараторија, изјави Асани.

Во моментот, како што информира директорот, во двата ковид-центри, во Струшката болница, односно во Интерното и во Детското одделение, хоспитализирани се 40-тина пациенти, од кои најголемиот дел се на кислородна поддршка. Според него, состојбата со коронавирусот во Струга и Струшко е стабилна и бројот на пациенти стагнира.