Викендов во Грција се отвораат 515 плажи
Грција викендов за јавноста ќе отвори 515 плажи, што се смета клучен тест во борбата за почеток на туристичката сезона. За непочитување на прописите казни од пет до 20.000 евра
На плажите ќе биде забрането спорт, музика и алкохол, а по совет на научниците, заради физичка дистанца ќе биде дозволено само 40 луѓе на 1.000 квадратни метри.
Чадорите за сонце ќе мора да бидат оддалечени најмалку четири метри, со само две лежалки поставени заедно, а во рестораните и баровите на плажите, во кои се препорачува персоналот да носи маски, ќе биде можно само преземање на храна и пијалаци.
За непочитување на прописите предвидени се парични казни од пет до 20.000 евра, кои ќе бидат зголемени ако прекршокот се повторува, најави министерот за безбедност Никос Хардалиас и додал дека претпријатијата кои нема да се придржуваат до законите ќе бидат затворени прво на 30 дена, а потоа на 90 дена. Се проценува дека туризмот сочинува 25 отсто од грчкиот БДП.
Ново на Сител
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ