Викиликс објави нови мејлови на соработници на Хилари Клинтон

Викиликс ја објави 24. транша мејлови од хакираниот налог на Џон Подеста, претседател на изборната кампања на Хилари Клинтон, кандидат на Демократската партија на претстојните американски претседателски избори.
Вилиликс досега објави повеќе од 39 илјади мејлови од налогот на Подеста и најави дека до изборите на 8 ноември ќе објави вкупно 50 илјади електронски писма.
Меѓу откритијата од оваа најнова серија објавени мејлови се и сомнежите на изборниот тим на Хилари Клинтон дека Републиканецот Треј Гауди, претседател на специјалниот одбор на претставничкиот дом за истрага за нападите во Бенгази 2012 година им давал информации на новинарите.
Меѓу останатите мејлови е и разговорот меѓу Подеста и Челси Клинтон за „компромитираната“ технологија за време на посетата на Кина, додека друга група мејлови пружа увид во неговите сомнежи дека Клинтон може да обезбеди номинација од Демократската партија.
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
