Виктор Понта се појави пред Врховниот касациски суд
Поранешниот романски премиер Виктор Понта, кој во средата поднесе оставка по пожарот во ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт во кој загинаа 32 лица, денеска се појави пред Врховниот касациски суд, каде против него се води судски процес за затајување данок, перење пари, судир на интереси и давање лажни изјави.
Понта при влегувањето во Судот одбил да даде каква било изјава со изговор дека тој сега е „само обичен граѓанин“, јавуваат романските медиуми.
Обвинувањата против Понта се однесуваат на периодот додека работел како адвокат. Тој ги отфрла сите обвиненија против него, како неосновани.
Понта поднесе оставка на премиерската функција во средата, по масовните протести на кои од него беше побарана индирекна одгооврност за пожарот во клубот „Колектив“.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека