-->
-->
Вимблдон: Познати полуфиналистите кај мажите
-->
Вториот носител на Вимблдон Енди Мареј успеа да се пласира во полуфиналето откако со 3-2 во сетови го победи Жо-Вилфред Цонга. Ова за него е седмо полуфинале на Вимблдон. Мареј имаше водство од 2-0 во сетови (7:6 и 6:1 во гемови), а Цонга успеа да изедначи (6:3 и 6:4), а во решавачкиот сет беше 6:1 во гемови за Мареј. Мечот траше 3 часа и 53 минути.
Негов ривал во полуфиналето во петок ќе му биде финалистот од 2010 година Томаш Бердих, кој со 3-0 во сетови го победи Лукас Пуиле.
Во второто полуфинале ќе играат Рожер Федерер и Милош Раониќ. Федерер со 3-2 во сетови го победи Марин Чилиќ, а Раониќ со 3-1 беше подобар од Сем Квери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце