-->
-->
Вимблдон: Прво грен слем финале за Мугуруза
-->
Шпанката Гарбине Мугуруза се избори за своето прво финале на грен слем турнир откако попладнево во полуфиналето на Вимблдон ја победи Агнешка Радванска (13.ВТА) од Полска со 2-1 во сетови. Ова е нејзин најголем резултат откако досега двата четвртфинални меча на Ролан Гарос беа најдобри пласмани.
Мугуруза (20.ВТА) одлично го почна мечот и првиот сет го доби со 6:2 во гемови и водеше со 3:1 во вториот, но Радванска направи серија од 6-0 и приота го доби вториот сет со 6:3 и поведе со 1:0 во третиот. Сепак Мугуруза се врати брзо во игра и направи брејк за водство од 4:2 во третиот сет, кој успеа да го доби со 6:3. Мечот траеше 1:56 час.
Во финалето таа ќе игра со победничката од второто полуфинале меѓу Серена Вилијамс (1.ВТА) и Марија Шарапова (4.ВТА).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
-

Едносменската настава приоритет за МОН
-

Активностите за изградба на регионална депонија течат според планот
-

Струмица се подготвува за литија со иконата на Богородица Брзопослусничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
