-->
-->
Висок функционер на Хамас е убиен во израелски воздушен напад во јужен Либан
-->
Извор на Хамас и два други извори во либанските безбедносни сили изјавија дека висок член на палестинската милитантна група задолжена за безбедноста во палестинскиот бегалски камп Аин ал Хелуе е убиен денеска во израелски воздушен напад во јужен Либан, пренесе БТА.
-Израелски напад беше насочен кон висок функционер за безбедност на Хамас од кампот Аин ал-Хелуех додека тој беше во своето возило во градот Сидон, во близина на кампот, рече еден од изворите.
Либанските медиуми го идентификуваа убиениот маж како Самер ал Хаџ, кого го опишаа како командант на Хамас. Во нападот, кој го изврши израелско беспилотно летало, се повредени двајца цивили, се додава во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка