Високи водостоите на сите реки
Високи водостои има на сите реки во државата, а најизразени се на југозапад, запад, северозапад и север. Последните хидролошки мерења на УХРМ покажуваат дека релативно високи водостои имаат реките Вардар, Треска, Радика, Сатеска и Лепенец.
Во Скопје, нивото на реката Вардар на станицата кај Зајчев е 168 сантиметри.
УХРМ, повикувајќи се на информација од ЕЛЕМ, попладнево соопшти дека акумулациите имаат доволно простор да го примат водениот бран, што позитивно ќе влијае на намалувањето на водостоите на одредени места.
Според временската прогноза, која покажува дека и понатаму не очекува облачно време со слаб до умерен дожд, се предвидува водостоите на реките да бидат високи, а на одредени места можни се и локални излевања. Високи водостои се очекуваат на горниот тек на реката Вардар со притоките, локално кај Раотинце, Јегуновце, Рашче, шеталиштето во центарот на Скопје, горниот тек на Треска, сливот на реката Сатеска, Црн Дрим и Радика. Во текот на ноќта се очекува покачување на нивото на реките и во источните делови од државата.
Вечерва, врнежите ќе бидат почести на запад, а преку ноќта во источните делови од државата. Понекаде на запад и на исток се очекува да наврнат и нови 60л/м2.
Од УХРМ предупредуваат на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците и внимателно возење по патиштата кои пресекуваат водотеци и суводолици, како и на патиштата поради можна појава на одрони и свлечишта.
Во изминатите девет часа најмногу дожд наврнало во Охрид - 22 литри на метар квадратен, а најмалку во Струмица само еден литар на метар квадратен.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?