Џет-Сет
4. May 2016 - 13:13

Вистинска Дива: Колку луѓе се потребни да ја средат Северина

Северина Којиќ беше специјална гостинка на една модна ревија во Загреб, а за да блесне на пистата биле потребни долги подготовки.

Хрватската пејачка и српска снаа се испроба во улога на манекенка на специјалната модна ревија по повод 35 години кариера на познатата хрватска креаторка Матија Вуица. Таа на Севе и ја дизајнираше и венчаницата која таа ја носеше на свадбата со Игор Којиќ.

Севе на пистата се појави во проѕирно трико украсено со кристали и светки, кои ја покриваа и нејзината глава.

Foto: severina / Instagram

Севе на Инстаграм објави и фотографија од бекстејџот на кој покажа како се подготвува за излегување на пистата. Се гледаат дури тројца кои и помагаа да изгледа совршено за ревијата.