Вкупно 124 сообраќајни прекршоци во Скопје

Вкупно 124 мерки се изречени вчера во Град Скопје во контролите во областа на сообраќајот што ги спроведува Секторот за внатрешни работи Скопје.
Како што соопшти МВР, 14 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 11 санкции за возење без возачка дозвола, две мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се две мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, три санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за непрописно престројување на возила, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила..
- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
