Влада: Исплата на пензиите од 29 мај

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец мај 2023 година, предложена од Министертсвото за труд и социјална политика.
„Се задолжува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.05.2023 година.
Се препорачува на деловните банки, да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа, од 29.05.2023 година.
Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за граѓаните кои не користат картички, според распоред во зависност од висината на пензијата и тоа:
- за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.05.2023 година (понеделник);
- за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2023 година (вторник);
- за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2023 година (среда) и
- за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2023 година (четврток)“, стои во владиното соопштение испратено до медиумите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
