Влада: Историски најдобар оперативен план, практикантство за 1.352 млади до 29 години и младински додаток од 3.000 денари месечно за лица до 23 години

Реалните мерки и проекти даваат долгорочни резултати за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани. Владата преку Оперативниот план за вработување на 2025 година нуди стекнување на практични вештини за 1.352 млади до 29 години, а предуслов е лицата да имаат завршено минимум средно образование, велат од Владата.
Додаваат дека ова е одлична можност младите лица до 29 години да се стекнат со практична работа и искуство со што, како што нагласуваат, ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд, а подоцна ќе добијат шанса за вработување. Стопанството, пак, велат, ќе добие соодветен кадар.
Од Владата потсетуваат дека Оперативниот план предвидува и младинскиот додаток за 3.500 млади до 23 години во вредност од 3.000 денари месечно по вработено лице кои ќе засноваат работен однос или се вработени во дејностите од областа на производството. Целта на оваа мерка е зајакнување на капацитетите на стопанството како и поттикнување на ангажирање на младите лица до 23 години за вработување во дејностите на производството
-Граѓаните го добија историски најдобриот оперативен план за вработување за 2025 година вреден 40 милиони евра кој опфаќа над 16.000 граѓани во кој се вклучени млади, невработени лица и лица од социјално ранливите категории.За раст, развој и економски просперитет потребни се добро креирани и платени работни места кои ќе значат подобар животен стандард за сите граѓани подеднакво, се вели во соопштението од Владата.
Со ова, нагласуваат оттаму, покажуваат дека Македонија може и мора да се менува на подобро, а оти Владата продолжува да го исполнува она што го ветила и се обврзала.
Ново на Сител
-

Групна тепачка на млади девојки на подрачјето на Карпош, употребени и тврди предмети
-

65-годишен маж пронајден починат во лифт во објект на Бит Пазар
-

Кривична за лице од скопско, неовластено влегувал во воени објекти и правел скици од истите
-

На различни локации во Скопје уапсени 7 дилери на дрога, меѓу нив 18-годишна девојка
-

Николоски: За 40 отсто е зголемена изградбата на автопатите
-

Кумановец со мопед возел во спротивна насока - уапсени 10 возачи за безобѕирно управување возило
-

Од вторник облачно со врнежи од дожд
-

Јавниот автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
