Влада на Србија: МО да поведе постапка за враќање на задолжителен воен рок
Владата на Србија на седница донесе заклучок со кој се усвојува пакет правни и економско-социјални мерки насочени кон заштита на правата на Србите и виталните државни и национални интереси во Косово, оперативен план за спроведување на одредени мерки во социјално-економската област, како и Министерството за одбрана да поведе процедура за задолжително служење на воен рок, јави дописникот на МИА од Белград.
- Мерките подразбираат силна дипломатска кампања на сите државни органи за заштита и борбата за почитување на правата на српскиот народ на подрачјето на Косово, кои се загрозени од едностраните и насилни потези на Албин Курти, поради што е неопходно враќање на статус кво, како основа за почитување на сите достигнувања на дијалогот, се наведува во соопштението на Владата.
Сетот мерки вклучува и силна финансиска поддршка за српскиот народ на подрачјето на Косово, преку доделување по 20.000 динари (околу 10.000 денари) месечно за 5.000 невработени и социјално најзагрозените корисници, бесплатни учебници за сите деца, надоместок за ужина за децата во предучилишното образование, основните и средните училишта, нови работни места, инфраструктурни проекти во форма на изградба и адаптација на нови куќи за српскиот народ во Косово и Метохија, се со цел системска поддршка за одржлив опстанок на српскиот народ на овие простори.
- Со цел заштита на виталните национални интереси на српскиот народ во покраината, ќе се формира Специјално обвинителство за гонење на злоупотреби и кршење на основните човекови права, узурпација на имот, загрозување на физичкиот интегритет и достоинство на српските граѓани на Косово и Метохија, се наведува во соопштението на Владата.
Со одлуката што беше усвоена на седницата на Владата на Србија се потврди ставот за отпорноста на српските институции на подрачјето на Косово и Метохија, кои нема да биде згаснати, како и одлуката за незаконитоста на сите органи и институциите основани на територијата на Косово по незаконското еднострано прогласување независност и непостоењето на сите нивни акти кои се донесени или ќе бидат донесени.
Пакетот мерки и оперативниот план се обврзувачки за сите органи на државната управа, владините канцеларии, сите функционери, како и за преговарачите од српска страна во Дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Членовите на Владата донесоа и заклучок со кој се наложува Министерството за одбрана да ја поведе постапката за враќање на задолжителниот воен рок во траење од 75 дена.
Ново на Сител
-
Изгаснат пожарот во депото на „Македонски железници-Транспорт“, скопските пожарникари интервенирале и на друг поголем пожар
-
Спасен давеник кој паднал од чамец во Дојранско езеро
-
Формиран Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерот за култура и туризам
-
Пронајдена златна маска на приватен имот во Охрид | ФОТО
-
По изборот на Трамп, Техеран се надева дека САД ќе ги преиспитаат „погрешните пристапи од минатото“
-
Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока
-
Дел од Општина Карпош без вода
-
Приведени двајца криумчари на мигранти