Влада: Објавените аудио записи ќе докажат дека претставникот на МНАВ долг период не ја реализирал набавката на АТМ систем и со тоа ја загрозувал безбедноста
Во врска со објавениот аудио запис снимен од официјален состанок на владини претставници и претставници на компаниката Леонардо од Италија Владата на Република Северна Македонија известува:
Тендерот и изборот на најповолен понудувач се направени во 2016 година. Целата процедура е во согласност со правилата за набавка на ЕБОР и евалуацијата е направена од независни евалуатори.
Согласно правилата на ЕБОР, по завршување на евалуацијата, МНАВ е должна да испрати Letter of award (Писмена потврда за избор на најповолен понудивач) која скоро две години претставникот на МНАВ не сакал да ја потпише. Неколку веб портали се обидуваат на погрешен начин да претстават дека терминот “Letter of award” значел награда, а значењето на тој термин во професионалната комуникација претставува писмо за известување, и ништо поразлично.
Владата на Република Северна Македонија согласно законските прописи е должна да се грижи за безбедноста на воздушниот простор и затоа е побарано да се одржи состанок со претставниците на италијанската компанија, со цел да се констатира дека долг период не се постапувал согласно процедурите и дека со тоа се загрозувала безбедноста на граѓаните во рамки на воздушниот сообраќај.
Од акцискиот план на МНАВ се гледа дека набавката на АТМ системот требало да се реализира пред април 2018 година (шест месеци пред одржување на состанокот од снимениот разговор), а од изменетиот акциски план се гледа дека до одржување на состанокот тоа не е завршено.
Целиот материјал ќе биде предаден на Јавното обвинителство со цел презентација на факти, разобличување на изнесените дезинформации, но и констатирање на одговорност за лицата кои сакале да ја нарушат безбедноста на граѓаните.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје