Влада: Воздржаност од објавување на непроверени информации
Во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани, и во знак на почит на загинатите жртви, повредените и нивните семејства, Владата преку соопштение ги замолува медиумите да се воздржат од објавување на шпекулации и дезинформации, се со цел да не создаваме дополнителна болка и стрес на јавноста.
Бројот на жртви во пожарот во Кочани е 59, за жал млади луѓе кои на трагичен начин ги изгубија своите животи.
- Но, одредени медиуми повикувајќи се на разноразни непроверени извори шпекулираат со бројот на починати и дополнително придонесуваат за вознемирување на јавноста. Во овие моменти на тага, Ве замолуваме сите да се однесуваме одговорно, ова е трагедија за цела држава и да сочувствуваме со болката на најблиските, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Сѐ што има во интерес на истрагата, се додава, Владата, Министерството за внатрешни работи и сите други органи транспарентно и навремено преку прес-конференции и преку соопштенија известуваат за најновите информации.
- Никој нема да биде поштеден од одговорност, без разлика колкава и да биде вината на кој било инволвиран во овој случај, соодветно ќе одговара. Повторуваме дека ништо нема да биде скриено и стоиме на располагање за дополнителни прашања од интерес на јавноста, посочуваат од Владата.
Исто така, Владата донесе одлука за целосно покривање на трошоците за сместување и превоз на семејствата на повредените лица кои се лекуваат во странство. За побрза и поефикасна комуникација во таа насока е отворена и телефонска линија, а бројот е 070270370.
- Ова е најмалку што можеме да направиме во овие тешки и болни моменти, подвлекуваат од Владата.
Информираат дека Владата и Министерството за надворешни работи и трговија се во постојана комуникација со семејствата на повредените кои во моментот се лекуваат во други земји, но и оние кои тековно се испраќаат. цр/
Фото: МИА архива
Во прилог Ви ги испраќаме броевите
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија:
075/273-732
075/268-736
Турција-Анкара
+90 5316579200
+90 5335725684
Турција-Истанбул
+90 542 810 99 78
+90 552 561 80 09
Грција-Атина
+30 6944190134
+30 6947736602
Грција-Солун
+30 694 525 8536
Бугарија
+359 876123768
+359 876112993
+359 889210005
Србија
+381 601382942
+381 601427455
Унгарија
+363 03037377
Литванија-Полска
+48 608141191
Австрија
+436644680520
+436767069209
Словенија
+386 41 353 198
+386 40 800 747
Хрватска
+385 99 524 4741
+385 91 608 2944
Норвешка
+47 406 31 613
+47 922 34 630
Италија
+39 3384079247
+39 3518504187
Полска
+48 608 141191
Шведска
+46 701844605
+46 768792019
Ново на Сител
-
Тројца починати во Кочани на 16-годишна возраст, најголем број од починатите на возраст на 24 и 26 години
-
Ана од ДНК: Си замина дел од моето второ семејство, заедно со нив и душава моја
-
Искусни токсиколози ќе прават испитувања пред да бидат пуштeни на домашно лекување повредените во Кочани
-
Поради минирање од 12 до 15 часот во прекин сообраќајот на патот Гари-Извор
-
Студенти од сите факултети во Крагуевац даруваат крв за повредените во пожарот во Кочани
-
Голем број граѓани во Софија оддадоа почит за жртвите по трагедијата во Кочани
-
Возачот на Итна помош што почина по трагедијата во Кочани ќе биде постхумно одликуван
-
Сите пациенти се во стабилна и добра состојба, тројца пуштени дома, утре се планира да бидат испишани уште тројца