Влада: Заев имаше средба со Порошенко во Давос
Премиерот Зоран Заев имаше средба со поранешниот украински претседател Петро Порошенко во рамки на заедничкиот ручек на шефови на држави и влади на економскиот форум во Давос. Работните ручеци во рамки на форумот во Давос не се отворени за јавност и затоа не се известува со соопштение од нив.
Ова го истакнуваат од Владата за МИА во врска со објавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на неговиот фејсбук профил дека премиерот Заев не остварил средба со претседателот Порошенко во Давос на економскиот форум во јануари годинава.
-Дека премиерот Заев немал средба со украинскиот претседател Порошенко на економскиот Форум во Давос во јануари 2019 година потврдено ми е и од релевантни извори во македонското Министерство за надворешни работи. Доколку Заев навистина се беше сретнал со Порошенко во Давос, сигурно и ќе му се пофалел за долгиот телефонски разговор на Whatsapp од пред 6 месеци, ќе дознаел дека тоа е местенка, и барем следните два компромитирачки телефонски разговори немало да се случат“, пишува Милошоски на ФБ.
Ново на Сител
-
Претседателот на хрватскиот Сабор во посета на Македонија
-
Првите пари од унгарскиот кредит префрлени на сметката на Развојната банка
-
ВМРО-ДПМНЕ: ССМ ги преповторува ставовите на СДСМ
-
Градоначалникот на Струмица прашува кој ја блокира реконструкцијата на патот Струмица Дабиле
-
460.000 евра за О.Карбинци од унгарскиот кредит
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство