Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Одлуката, попладнево на прес-конференција, ја соопшти портпаролката на Владата Марија Митева.
-Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира и секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на првната држава, рече Митева.
Владината портпаролка ги објасни аргументите и причините поради кои била донесена ваквата одлука.
-Најпрво се отвори расправата за последниот Индекс на транспарентност кој беше објавен денес од Транспаренси интернешнл Македонија и од каде детално можеше да се види дека конкретно четири точки се однесуваат на состојбите кои се случиле во обинителството и судството. Дополнително, последното именување за вршител на должноста - шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје одлука која е незаконска, односно надвор од одредбите пропишани во Законот за Јавното обвинителство, нагласи Митева.
Според Законот за јавно обвинителство, републичкиот обвинител го избира и разрешува Собранието, а го предлага Владата од оние кандидати за кои добила позитивно мислење од Советот на јавни обвинители.
Мандатот на републичкиот обвинител трае шест години, а Коцевски беше избран на оваа позиција пред една година.
Ново на Сител
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време