Владата ги декласифицира договорите за државна помош со странските инвеститори

Владата почнува со процесот на максимална отвореност кога станува збор за информациите од јавен интерес. Првиот чекор во оваа насока, како што беше речено на денешниот брифинг со новинарите во Владата, е вчера донесената одлука за декласифицирање на договорите со странските инвеститори за доделување државна помош.
За седум дена Генералниот секретаријат на Владата треба да изготви листа на државните институции кои склучувале вакви договори, по што точно ќе се знае колкав е бројот на договорите, кој ги склучувал и кој ги класифицирал како информации недостапни за јавноста.
- Декласифицирањето на договорите е мерка од владиниот план 3-6-9 и со неа воопшто не се задира во работата на странските инвеститори. Остануваат тука и се заштитени. Декласифицирањето е во интерес на граѓаните за што тие имаат право да знаат на кого и колку од јавните пари му се давани, беше истакнато на брифингот со новинарите.
Владата, како што беше речено, подготвува и анализа за бенефитот од странските инвеститори.
Ново на Сител
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
-

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки
-

Договор за автопатот Скопје-Блаце
