Владата ги следи сите аспекти за корона вирусот, ако е потребно ќе се зголемат мерките

На дневна основа се следат сите аспекти во однос на корона вирусот и доколку има било каква потреба за зголемување на мерките со цел заштита на здравјето на граѓаните тоа ќе биде направено, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско шрашање дали е можно одложување на партиските конвенции поради корона вирусот.
– Знаете дека максимално посветено се работи и од Министерството за здравство и од Кризниот штаб. Како Влада вчера дадовме препораки дека продолжува за една недела препораката до сите кои организираат настани на затворено и спортски натпревари без публика, истакна Спасовски.
Прашан дали ќе биде носител на листа во втората изборна единица Спасовски, рече дека за тоа ќе треба да се почека одлуката во партијата и оти се ќе биде познато во понеделник.
Во однос на објавените „бомби“ за Антонио Милошоски за кои тврди дека се дел од материјалите предадени на СЈО, Спасовски рече дека се што имале СДСМ го предале на СЈО.
– Јас не ги слушнав и не знам за што се работи, само знам дека се објавени некакви материјали. Повикувам институциите да истражат, да видат кои материјали се, какви се, од каде се објавени и да преземат соодветни мерки. Нулта толеранција за оваа работа. Институциите треба да работат ефикасно и да ги откријат тие кои ова го прават, и врз основа на тоа да преземат соодветни санкции, изјави Спасовски.
Ново на Сител
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
