Владата ги укина лиценците за интернет игри на среќа
Владата денеска донесе одлуки со кои се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа.
Поради неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување, соопшти владината прес-служба, Владата ја разгледала и усвоила информацијата во врска со потребата за престанување на Друштвото за приредување на електронски игри на среќа, Нова Државна видео лотарија НОВО ВЛТ ДОО – Скопје и друштвата за приредување интернет игри на среќа, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – МОЗЗАРТ ДОО Скопје, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – 77 БИТС ДОО Скопје и Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – ВЕЗУВ ДОО Скопје, во кои содружник е АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Северна Македонија и преземање активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа на Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО – Скопје.
- Се задолжува Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО – Скопје се задолжува да ги преземе потребните активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа од глобалната интернет мрежа, согласно Автентичното толкување на членот 7 ставови (2), (3) и (4) од Законот за игрите на среќа и забавните игри, информира Владата.
Премиерот Христијан Мицкоски пред одржувањето на владината седница рече дека лиценците за онлајн казината се незаконски и со нивно одземање ќе се реализира предизборното ветување.
- Денеска на седница на Влада се одлуките за онлајн казината, усогласени со закон. Да, тоа што беше предизборно ветување денеска ќе се реализира, тие лиценци кои се незаконски според нас, а и според начелното правно мислење кое го добивме од ресорот, ќе бидат одземени, изјави Мицкоски, на новинарско прашање при посетата на општина Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-
Уапсен директорот на Геријатрија – земал поткуп од 20 000 евра
-
Обвинителството нема да го гони судијата за поправањето оценки
-
Мицкоски: Правдата за Теодора не е задоволена, Судски да ја преиспита работата на тетовскиот судија
-
Четворица од повредените во Кочани во подобрена состојба денеска се испишани од софиската болница “Пирогов”
-
Филипче повика на уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека е апсурдно да зборува за ЕУ
-
Меџити: Таравари да одлучи или со нас во Влада, или е со ДУИ
-
Почнаа преговорите со САД за намалување на високите царини кои ни ги наметна Трамп
-
„Македонско село“ ќе се отвори во јуни, концесионерот ќе плаќа месечна кирија од 3 и пол илјади евра