Владата ги утврди и достави до Собранието законите за намалување на казните за фирмите
Владата на вчерашната седница усвоила 78 материјални закони со кои се заокружува целосното функционирање на системот за намалување на казните. Предлог-законите се испратени до Парламентот и во најскоро време се очекува да бидат усвоени.
Премиерот Груевски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на дебарско-реканскиот крај, посочи дека се исполнува уште едно ветување дадено пред изборите кое не можело да се реализира по победата во 2014 година иако бил донесен закон затоа што не можело да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието.
- Казните ќе бидат намалени за неколку пати. За помалите фирми казните ќе бидат намалени за шест до осум пати, за средните фирми од два до четири пати, а ќе има и намалување на казните и кај големите фирми. Се воведува и системот со којшто во многу од случаите ќе има можност за опомена доколку некоја фирма претходно не била казнувана. Ќе се регулира и висината на казната според бројот на вработени во фирмата и според економската моќ на фирмата, односно приходите на фирмата. Тоа се главните новини во законот, изјави Груевски и додаде дека 28 материјални закони веќе се усвоија пред 2 август, а останатите 78 на вчерашната седница.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје