Владата иницира постапка за разрешување на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски
Владата на Република Македонија на денешната седница одлучи да иницира постапка за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски, соопшти владината прес-служба.
Владата донела одлука предлогот за разрешување на републичкиот jавен обвинител поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата, согласно законските одредби, да го достави до Советот на јавни обвинители на Република Македонија и да побара мислење.
На денешната владина седница разрешен е досегашниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Република Македонија, Васе Доневски. За нов директор на Службата за општи и заеднички работи при Владата на Република Македонија, е именуван Пеце Мирчески.
На седницата на Владата се разгледани првичните информации за последиците од невремето во тетовско, поради излевањето на Поројска река и се задолжени повеќе надлежни министерства за брзо формирање комисија која што ќе излезе на терен за брзо утврдување на настанатите штети. Истовремено дадено е задолжение на министерствата за транспорт и врски и за животна средина да изготват подетална информација за теренската состојба околу Поројска река, со цел трајно решавање на проблемот за жителите од овој реон.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Екс амбасадорот во Бугарија - Марјан Ѓорчев
-
Анализа: Како да нема превиди во помилувањето
-
Паднаа потписи: 4,1 милијарда денари од буџетот на владата за капитални проекти за општините
-
Мицкоски: Доблесно е да се даде оставка,кога ќе се констатира грешка да се преземе одговорност
-
СДСМ за оставките на Комисијата
-
Над 45 милиони евра издвоила државата за правосудството во 2022 година
-
Сдсм бара итна оставка на Христовски, Мицкоски очекува ДКСК да го истражи случајот
-
Бугарија гласа: Седми парламентарни избори за помалку од 4 години