Македонија
29. October 2019 - 9:57

Владата ќе ја одржи 161 седница

Предлог-одлуката за давање согласност на Спогодбата за статусна промена присоединување помеѓу Јавното претпријатие Колекторски систем Скопје и МЈП ПРОАКВА Струга е на дневен ред на денешната 161 владина седница.

На предлог на Министерство за внатрешни работи на седницата ќе биде разгледан Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за странци, а членовите на владиниот Кабинет ќе се произнесат и по информацијата за напредок на имплементирање на Стратегискиот одбранбен преглед 2018, на предлог на Министерството за одбрана.

На дневниот ред на денешната седница се и информацијата за потребата од набавка и инсталација на медицинска опрема, медицински и немедицински инвентар за потребите на јавните здравствени установи во Република Северна Македонија, како и информацијата за статусот на реализација на програмите за прекугранична и транснационална соработка кои се спроведуваат во рамки на Инструментот за претпристапна помош за период јануари-јуни 2019 година, што ќе ја презентира Министерството за локална самоуправа.