Владата ќе ја разгледа одлуката за закуп во ТИРЗ Бунарџик за компанијата „Баумер“
Владата на Република Македонија денеска ќе ја разгледа Нацрт-одлуката за одобрување на периодот за закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 1 и за висината на закупнината за „Баумер ДООЕЛ Скопје“ чија матична компанија е „Баумер Холдинг АГ“ од Швајцарија.
На денешната 62. владина седница, чиј почеток е закажан во 12 часот, е и информацијата во врска со донесувањето на Национална стратегија за мали и средни претпријатија (2018-2023) со Предлог-стратегија и Акциски план.
На предлог на Министерството за внатрешни работи ќе биде разгледан и Предлог-законот за странци и Предлог-акцискиот план за воспоставување на надворешен механизам за контрола над работата на лицата со полициски овластувања и припадниците на затворската полиција.
Владата ќе се произнесе и во однос на иницијативата на Управата за заштита на културното наследство за прогласување на манастирот Св. Андреја – Матка за културно наследство од особено значење, во поткатегорија големо значење, за Република Македонија.
На дневниот ред на владината седница се предвидени и други точки од планот за работа на Владата и од интерес на граѓаните.
Ново на Сител
-
Приведен кумановец, следел и вознемирувал 27-годишна девојка
-
Спасувањето на мечката во Брајчино - драма во планина, храброст на дел
-
Кумановец возел со 1,85 промили алкохол во крвта и удрил во две моторни возила
-
Папата Франциск приватно се сретна со кралот Чарлс Tрети и кралицата Камила
-
Изгоре автомобил наспроти Клинички
-
Леброн за суспензијата на Дончиќ: Не знам зошто судијата го сфати тоа толку лично
-
Винисиус го прекина молкот по фијаското во Лондон
-
Немања Матиќ: Онана е еден од најслабите голмани во историјата на Манчестер Јунајтед