-->
-->
Владата назначи уште еден портпарол
-->
Владата на денешната 62. седница го назначи Муамет Хоџа за втор портпарол.
Хоџа беше еден од портпаролите во поранешната Влада, а претходно работеше и во неколку медиуми на албански јазик. Тој во Владата доаѓа како кадар на ДУИ.
Миле Бошњаковски, портпаролот на Владата по назначувањето му посака добредојде на својот нов колега.
- Покрај мене како портпарол во Владата на Република Македонија од денеска е и колегата Муамет Хоџа, напиша Бошњаковски на Твитер.
На денешната 62. седница Владата го разреши Мите Костадинов од функцијата претседател на Управниот одбор на АД Водостопанство на Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол