-->
-->
Владата прогласи вонредна состојба во Грција
-->
По апокалиптичното невреме кое го зафати грчкиот полуостров Халкидики, во кое загинаа 6 странски туристи, а материјалната штета е огромна, грчката влада прогласи вонредна состојба.
Од пад на предмети поради силниот ветер на Халкидики, повредени се пет деца – четири девојчиња и едно момче, на возраст од 3,5 до 13 години. Сите се хоспитализирани во солунска болница и се надвор од животна опасност, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Едно од децата имало повреди на главата и било потребно да се оперира, но и тоа како и останатите е надвор од животна опасност.
Според управничката на болницата, четири од децата се од Грција, а едно, 13-годишно девојче е од Србија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
