Владата времено ќе го преземе управувањето со отпад од општините

Владата времено да го преземе од општините управувањето со цврстиот отпад, предложи премиерот Зоран Заев вечерва на средба со градоначалниците од државата.
Според Заев, нема поместување во справувањето со отпадот.
- Начинот на организирање на сметот е сериозна економска дејност која учествува во БДП на државата. Ако бидеме паметни ќе создадеме дополнителна вредност во Република Македонија, рече Заев.
Претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов исто така оцени дека постојниот систем за справување со цврстиот отпад е субстандарден и неефикасен.
- Потребно е да го разгледаме предлогот на Владата и ресорното министерство кој се однесува на воспоставување регионален систем, односно основање регионални депонии и изградба на потребната инфраструктура во согласност со планот што го има државата во делот што се однесува на управувањето со отпадот, рече Шилегов.
Како што потенцираше ресорниот министер Садула Дураки општините првично треба да донесат одлука за делегрирање на правото за спроведување и реализирање на регионалните депонии на централната власт и локациите каде што ќе бидат изградени овие депонии кои се утврдени со физибилити студии да се прифатат од страна на општините како што се утврдени.
Ново на Сител
-

Топло време за викендот, од понеделник услови за дожд
-

Алиу: Владата ја усвои информацијата за формирање центар за итна медицинска помош во Скопје со цел поефикасен итен медицински одговор
-

Во Србија легално во моментот се 100.000 странци, а само 160 бегалци во прифатни центри
-

Кривична за доктор и медицинска сестра, се обиделе да шверцаат ботокс преку пошта
-

Лавров не ја гледа ЕУ како соодветен партнер за мировни преговори
-

Поранешните директори на Онкологија Васев и Нухи излегуваат од притвор, прифатена гаранцијата со хипотека на имот
-

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД
-

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ
