Владејачката коалиција предводена од СДСМ денеска иницира манифест за преговорите со ЕУ
Со Манифестот, како што пишува во понудениот документ, партиите бараат Собранието да ги усвои уставните измени за автоматско и безусловно одржување на втората Меѓувладина конференција, без дополнителни одлуки од страна на земјите членки.
Во текот на преговорите за пристапување Владата нема да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во Преговарачката рамка. Со приемот на Македонија во ЕУ, македонскиот јазик да стане еден од службените јазици на ЕУ без било какви објаснувања, додавки или фусноти.
„Во рамки на патоказот за владеење на правото постои обврска да се подготви Акциски план за заштита на правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата и заедниците вклучувајќи недискриминација, борба против говор на омраза, образование… Надвор од овие обврски билатералните прашања поврзани со билатералните договори за добрососедските односи кои не се директно поврзани со правото на ЕУ и со Копенхашките критериуми за членство нема да бидат одредници од кои ќе зависи отворањето и затворањето на поглавјата и кластерите во текот на пристапните преговори со Европската Унија“, пишува манифесотот на владејачките партии.
Партиите бараат Владата во преговорите доследно да се придружува кон иопределбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со Брисел.
Со Манифестот се предивудва и механизам на соработка за преговорите и односите со Брисел меѓу сите партии, независно дали се власт или опозиција, како дел од политички и општествен консензус за ова прашање.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место