Владејачката СНС победи на локалните избори во Заечар и во Косјериќ

Претседателот на Градската изборна комисија на Заечар, Ненад Динуловиќ, ги објави доцна синоќа прелиминарните резултати од локалните избори одржани на 8 јуни во тој град и нагласи дека листата на Српската напредна странка „Не ја даваме Србија – Александар Вучиќ“ освоила најмногу гласови, односно 47,13 проценти од гласовите.
Динуловиќ, исто така, нагласи дека нема да има повторување на изборите на ниту едно избирачко место бидејќи нема ниту една законска основа за поднесување приговор.
Прелиминарните резултати се базираат на 100 проценти обработени избирачки места, на сите 69 избирачки места.
На локалните избори во Заечар, СНС победи со 14.199 гласови, втора е „Промена во која веруваме“ со 10.312 гласови, а трета „Обединети за спас на Заечар“ со 2.284 гласови, објави невладината ЦРТА на X. Тоа значи дека во Собранието на Заечар, листата на СНС ќе има 27 советници од вкупно 50 советнички места, листата „Промена во која веруваме“ ќе има 19, а „Обединети за спас на Заечар“ четири советници.
Републичката изборна комисија на Србија ги објави резултатите од гласањето во Косјериќ врз основа на 100 проценти обработени гласови, според кои листата „Не ја даваме Србија – Александар Вучиќ“ освоила најмногу гласови – 3.686 гласови.
Според резултатите објавени на веб-страницата на РИК, листата „Не ja даваме Србија – Александар Вучиќ“ освоила 49,23 проценти од гласовите, или 14 мандати. На второ место е листата „Обединети за Косјериќ“ со 3.635 гласови или 48,54 проценти, – 13 мандати.
Третата листа што учествуваше на изборите, „Руска партија – Србија во БРИКС, Слободан Николиќ“ освоила 48 гласови, или 0,64 проценти. Општинскиот совет на Косјериќ има 27 советнички места, а 8.897 граѓани запишани во регистарот на гласачи можеле да гласаат на 29 избирачки места. Според податоците на Општинската изборна комисија Косјериќ, на гласањето што се одржа вчера излегле 84,17 проценти од гласачите.Евидентирани се 119 (1,59 %) неважечки гласачки ливчиња.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Секако дека ќе дојдеме до разрешница за „извозот“ на мозочни ткива од починати лица во САД
-

Објавен Коментар на Законот за општа управна постапка - важен за Сејф сити и сите управни постапки
-

Опожарен продажен објект во Куманово
-

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти
-

Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот
-

Во Дебарско лани се родиле 148 бебиња, од нив 132 во Општина Дебар и 16 во општина Центар Жупа
-

Од компликација од грип почина 62-годишен маж
-

Приведен 51-годишник од Пепелиште, при претрес пронајдени се 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал документација
