Вложувањето во децата е вложување во иднината, порача премиерот Заев
Вложувањето во децата, нивните права и квалитетно образование е вложување во иднината, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил, честитајќи го Светскиот ден на децата – 20 Ноември, денот на усвојувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на децата во 1989 година.
- Македонија, како и сите други земји-членки на Обединетите нации, со прифаќањето на Конвенцијата за правата на децата, се обврза дека ќе ги почитува четирите основни принципи – недискриминација, придржување кон најдобрите интереси на детето, правото на живот, опстанок и развој и правото на учество. По повод одбележувањето на овој ден, се обратив на владиниот состанок од високо ниво, на тема „За децата од децата – Да го преобразиме образованието“. Темата на овој настан е во целосна согласност со стратегијата за развој на образовниот систем во нашата земја, напиша премиерот Заев.
Тој додава дека цврста намера на Владата е да дизајнира образовен систем кој ќе создава личности кои ќе размислуваат критички и ќе донесуваат заклучоци базирани на факти, докази и анализи.
-Сакаме образование што ќе изгради личности кои ќе ги почитуваат и негуваат граѓанските права, толеранцијата и различностите, и ќе се воспитуваат и образуваат во духот на мултикултурализмот. Нашето образование мора да се приспособува и на новите глобални предизвици. Пандемијата на КОВИД-19 ни покажа колку е важно образовниот систем да се менува, приспособува и осовременува, потенцира премиерот Зоран Заев.
Ново на Сител
-
Приведени 343 лица на протестите во Турција
-
Пронајдена тревкаста материја и приведени три лица
-
Од утре дожд, грмежи и силен ветер
-
Пуштале музика во денови на жалост - Приведени две одговорни лица во угостителски објекти
-
Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман