ВМРО-БНД бара бугарските медиуми да не преведуваат од македонски на бугарски

ВМРО-БНД, партијата на Красимир Каракачанов, бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана од Советот за електронски медиуми на Бугарија бара бугарските медиуми да престанат да ги преведуваат изјавите на македонските политичари на бугарски јазик. Интервјуата на „луѓето од Северна Македонија“ не треба да се преведуваат на бугарски јазик, се вели во писмото на ВМРО-БНД до Советот за електронски медиуми, пишува 24 часа.бг.
– Бугарската наука недвосмислено го дефинира таканаречениот македонски јазик како регионална форма на бугарскиот јазик. Тоа е позиција и на Институтот за бугарски јазик при Бугарската академија на науки (БАН). Освен тоа, официјалната политичка позиција на Бугарија во текот на целото независно постоење на Северна Македонија, потврдена и од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, е непризнавање на таканаречениот македонски јазик, се вели во писмото.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
