ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска во време на криза остава 100 луѓе без работа
Арсовска во време на криза остава 100 луѓе без работа, скопјани на последното место за неа.
Тие луѓе кои ги брка Арсовска имаа деца на училиште, студенти, кредити, болни родители. Арсовска не води грижа за тие 100 семејства кои сега ќе мислат како ќе го преживеат месецот.
Арсовска наместо проекти и дела, за кои скопјани ја дадоа довербата почна со бркање на луѓе од работа, тоа не е начинот на кој што треба да функционира градот.
Дел од вработените кои ги брка Арсовска од работа се наследени од претходната структура во ЈП Водовод, кои Перински ги наследил. Сите тие со труд си ја заработувале платата, за сега прва одлука на Арсовска да биде нивно бркање од работа, со нејзиниот принцип „Од утре да те нема“ додека градот се полни со роднини, пријатели и соработници на Арсовска.
ЈП Водовод со тие вработени и со Перински како директор оваа година ја зголемиле наплатата за 1 милион евра. Тоа се пари кои сега Арсовска ќе ги троши.
ЈП Водовод има потреба од кадарот што го отупшта Арсовска, но тоа не ја спречува да спроведува само себе познати агенди.
Арсовска да се надмине себе, и да почне да делува и работи како градоначалник на скопјани.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
-

Ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч пронајдени при претрес во Кавадарци | ФОТО
-

Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври
-

Крис Браун призна вина и избегна затвор во Вeлика Британија
-

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на „Пулс” и поврзаните фирми
-

Температури под нулата утрово на Попова Шапка и во Лазарополе, Берово и Маврови Анови
-

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата
