ВМРО-ДПМНЕ бара јавните обвинители да го истражат милионскиот тендер помеѓу ЕСМ и Марковски

46 милиони евра одат во џебот на фирмата Марковски за ископ на јаглен во РЕК Битола, која важи за блиска до владата на СДС и ДУИ.
Тендер од 46 милиони евра власта му дава на Борче Марковски, сопственик на фирмата Марковски која е позната во јавноста како рекорден по добиени тендери.
Тендерот во вредност од 46 милиони евра е за ископ на јаглен во РЕК Битола, помеѓу Електростопанство на Македонија односно Електрани на Македонија, подружница РЕК Битола и фирмата Марковски.
Власта во заминување во очај, страв и паника од изборниот пораз на 2 месеца пред избори ги краде парите на граѓаните.
Спорно е тоа што наместо да биде одбрана најевтината понуда која била од 100 денари по гига џул, тендерот го зела компанијата Марковски со највисока понуда од 129.7 денари по гига џул или за дури 30 проценти повеќе од најниската понуда.
Овде има сериозни индиции за огромен криминал. И токму затоа го повикуваме ЈО веднаш да постапи по допрен глас, да отвори истрага и да испита каде ќе завршат овие пари?
Дополнително ЈО треба да се испита и одговори како 6те лица Пеце Матевски, директор на подружницата РЕК Битола, Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски кои првично биле против против овој тендер, потоа дале согласност?
СДС и ДУИ се удавени до гуша во криминал.
Владата на СДС и ДУИ тотално ја криминализираа и уништија државата.
Доколку ЈО не се одважи да го испита овој криминал, им порачуваме дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го испита целиот случај и сите вмешани соодветно ќе одговараат.
Нема ден да помине со владата на СДС и ДУИ без да се случи некој скандал, афера или криминал.
Со СДС и ДУИ никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
-

Со „мерцедес“ бегал од полиција, удрил во дрво и избегал - во возилото биле пронајдени 12 мигранти
-

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6
-

Македонија со рекордна делегација од 130 учесници на Медитеранските игри Таранто 2026
