ВМРО-ДПМНЕ бара МВР да го објави работниот налог на Димовски за Охрид

МВР ТУРС продолжува да вози во летните денови. Продолжуваат скандалите на МВР со злоупотреба на службените возила. МВР ТУРС по турите до Солун, сега организира и бесплатни тури со службени возила до Охрид.
По злоупотребата на службено возило за приватни потреби на сега поранешниот директор на БЈБ, Лазе Велковски, медиумите објавија дека службено возило во текот на минатата недела користел и Командантот на единицата „Алфа“ Примислав Димовски.
На фотографија која ја објавија медиумите се гледа како службено возило на МВР, управувано од Димовски се наоѓа на паркинг во Охрид.
Единицата „Алфа“, чиј Командант е Димовски има овластувања за дејствија само на територија на Градот Скопје, активности надвор од Скопје може да врши само со претходно овластување од Началникот на СВР Скопје.
Почитувани,
Се поставува прашањето што бара началник на единица чие овластување за делување е само во Скопје, со службено возило да патува во Охрид, која задача ја вршел или пак бил на приватно викенд патување?
Ако навистина имал работна задача во Охрид, еве го повикуваме МВР јавно да го објави налогот кој наводно го имал Димовски?
Се друго во спротивно на ова е лага и манипулација од страна на МВР ТУРС и уште една злоупотреба на државни ресурси за приватни цели.
МВР и Димовски да излезат и да го покажат налогот со овластување доколку го има, во спротивност Димовски да си поднесе оставка на функцијата Командант на единицата „Алфа“.
Злоупотребите кои се заштитен знак на СДСМ не смеат да останат неказнети. Одговорност мора да има.
Ново на Сител
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
-

Рама одбива да поднесе оставка, тврди дека зад протестите стојат надворешни сили
-

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени полицајци по вчерашните протести, Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата
-

Сообраќајна контрола во Скопје: Осум возачи затекнати под дејство на алкохол
-

ФФМ: ВАР проверката потврди офсајд, поништен гол на Башкими против Силекс
-

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто, споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти
