Македонија
29. October 2020 - 12:28

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Филипче по вчерашниот рекорд од 870 новозаразени

„Македонија со Венко Филипче на чело на здравство руши негативни рекорди. Бројката од 870 заболени за само еден ден е директно негова вина. Филипче преспа цело лето, иако знаеше дека доаѓа есенски бран на КОВИД не се подготви.

Бројот на починати е исто така алармантен, 14 вчера, а веќе неколку дена бројката е двоцифрена.

Болничките капацитети се исполнети, Филипче цело лето не направи ниту една болничка просторија повеќе.

Вакцини против сезонскк грип нема. Хронично болните се на удар.

Медицинскиот персонал не е целосно обучен, иако можеше да се примени систем на ротација, тоа не се направи.

Венко Филипче не направи ништо со што ќе го спречи енормното ширење на заразата.

Дополнително проблем е и загадувањето, за кое власта 4 години нема решение, иако тврдеа дека ќе го решат проблемот со загадениот воздух веднаш откако ќе дојдат на власт, 4 години потоа воздухот е позагаден од кога било претходно.

Комбинацијата од загадениот воздух и КОВИД влијае фатално за лицата со хроничнк болести, а е и проблем за трудниците, затоа ВМРО-ДПМНЕ бара нивно ослободување од работа. Здравјето и животот на граѓаните нема цена.

Филипче покажи минимум емпатија со народот и дај си оставка,“ стои во соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ.