ВМРО-ДПМНЕ: Бујар и Ахмети да се договорат дали ја праќале Теута Арифи предлог амбасадор или не и на колку места
Бујар и Ахмети да се договорат дали ја праќале Теута Арифи предлог амбасадор или не и на колку места.
СДСМ и ДУИ продолжуваат да ја бламираат државата, Османи да каже на колку места се обиде да ја направи Теута Арифи амбасадор, па ја вратија.
По Вашингтон, Анкара, Теута Арифи не ја сакаат ниту во Брисел. Но прашањето е што толку го задолжила Арифи СДСМ и ДУИ за овие и покрај сите одбивања упорно да сакаат од истата да направат амбасадор.
Можеби Османи сака да го сокрие срамот, но го издаде Ахмети, кој кажа дека Теута Арифи била во игра за амбасадор.
Очигледно никој не им кажал дека во САД, Турција и ЕУ, не сакаат политичари и амбасадори кои држеле на платен список неколку стотици лица без да одат на работа. Ниту пак поминуваат политичари кои правеа матни дилови како тој со Миодраг Давидовиќ Дака.
Арифи очигледно може да продолжи да биде функционер само во ДУИ, или ако Ковачевски по налог на Ахмети ја именува во влада како утешна награда.
Уште по фрапантно е што некои политичари не можат да сфатат дека нивното време помина, дека со години го лажат народот, прават матни зделки и ја уништуваат иднината на поколенијата кои допрва треба да дојдат. Арифи, заедно со СДСМ и ДУИ сега се одбиени од Вашингтон, Анкара и Брисел, а наскоро и од македонските граѓани на следните предвремени парламентарни избори.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кривична пријава против двe лица кои со измама изнудувале пари од охриѓани
-
Сообраќајка на патот Битола - Демир Хисар, сообраќајот во прекин во двата правца
-
Прв закон за реорганизација на управата
-
Демири бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали
-
Претседател на Уставен суд не се одбра, седницата продолжува утре
-
Пропаднаа два обиди да се избере претседател на Уставниот суд
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено